Ракометарките на Вардар се шампиони во кадетската лига во женска конкуренција, откако го освоија 1. место во групата.
Пехарот на кадетките на Вардар беше доделен од членовите на Натпреварувачката комисија на РФМ, Бобан Мајнов и Иван Јосифовски.
Второто место го освои екипата на Стружанка, додека третото место го освои екипата на Ѓорче Петров, а четвртото место го освои Илинден Вардар.
(фото – ЖРК Вардар)📷