Екипата на Шампион триумфираше на домашен терен против екипата на Деспина со резултат 24-22.
Иако Шампион губеше на полувремето со 11-13, сепак успеа да се врати за на крај да извојува четврта победа во Суперлигата.
Најзаслужна за победата беше Мила Филипова со осум погодоци, додека кај Деспина најефикасна беше Ангела Камческа со седум голови.
ЖРК Шампион 24-22 ЖРК Деспина
(фото-ЖРК Шампион)