Еден од најдобрите германски ракометари Уве Генсхајмер ја заврши сезоната пред време. Генсхајмер кој има 35 години мора да оди на операција.
На Уве Генсхајмер му беше оштетена ахиловата тетива и ќе мора да паузира најмалку шест месеци од ракометните терени. Генсхајмер настапува во екипата на Рајн Некар Левен.

(фото – Инстаграм/Уве Генсхајмер)📷