Заеднички собир и заедничка прослава на младинските екипи на Еурофарм Пелистер и на Пелистер (ФОТО)

Со заеднички собир и заедничка прослава младинските екипи на Еурофарм Пелистер и Пелистер ја завршија полусезоната во младинската лига.

“Втора година по ред задничка предновогодишна прослава на машките и женските младински екипи. Благодарност до ресторан Гламур @restaurantglamour.mk за гостопримливоста, прекрасно подготвената храна и услуга, како и до Џокер Бенд @jokerbend за одличната забава”, – објавија од Рк Еурофарм Пелистер.

Во младинската лига екипата на Еурофарм Пелистер е на седмото место со освоени 12 бодови, додека Еурофарм Пелистер 2 е на првото место со освоени 26 бодови, додека младинките на Пелистер се на третото место со освоени 4 бодови.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *