Сите кои имаат купено сезонски билети за натпреварите на Вардар ќе можат своите ваучери да ги сменат и да добијат пластифицирани билети.
На билетите се наоѓа испишано вашето место на трибината кое го имате резревирано и од каде можете да ги гледате натпреварите на Вардар.
Замената на ваучерите со пластифицирани сезонски билети ќе може да се изврши, секој работен ден во канцеларијата на клубот и на билетарницата (кога ќе се продаваат билети) пред секој меч.
При замената потребно е да гo приложите вашиот ваучер како доказ за сезонските билети. Со сезонските билети можете да ги гледате сите натпревари на домашен терен на Вардар.
(фото – Рк Вардар 1961)📷