Започна кампањата на Еурофарм Пелистер “средба со легендите” – Стевче Стефановски (ФОТО)

“Средба со легендите” – Еурофарм Пелистер ја активираше својата кампања сите ракометари кои го носеле дресот на клубот најмалку на сто натпревари да добијат сезонски билет и да бидат со нас на секој домашен натпревар.

Еден таков билет заврши во вистински раце, а тоа е поранешниот ракометар Стевче Стефановски кој го носеше дресот на клубот.

Стевче Стефановски – дел од првата генерација голмани во македонската репрезентација по осамостојувањето, дел од Европското првенство во Италија како играч каде и ја завршува својата играчка кариера веднаш по завшувањето на првенството. Учесник и на Светското првенство во Египет како селектор на македонската репрезентација, првото светско првенство на кое учествувала нашата репрезентација.

Дресот на Пелистер го носеше во дел од најуспешната деценија, осумдесеттите и битките во најсилната лига во светот – југословенската, како и во доминацијата на почетокот на деведесеттите во македонскиот шампионат, каде освојува 6 шампионски титули и 5 титули во националниот Куп, полуфиналист на Купот на победниците на Куповите, а како тренер заедно со Богдан Маковеј и прв финалист со еден наш тим во европски куп (Челинџ Куп).

Кариерата го носеше во Црна Гора како играч и Катар како тренер во екипата Ал Рајан каде освојува двојна титула како шампион на Катар и шампион на Арапската лига на шампиони, пандан на ЕХФ Лигата на Шампиони во Европа, и таа титула е единствената титула на тим од Катар во таа лига.

Но секогаш се враќаше дома – а дома е само Пелистер, само Битола. Култни се и неговите коментари и размислувања поврзани со ракометот. Денес работи како координатор во школата на клубот.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷












Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *