Започна кампањата на Еурофарм Пелистер “средба со легендите” – Абдула Јусуфовски (ФОТО)

“Средба со легендите” – Еурофарм Пелистер ја активираше својата кампања сите ракометари кои го носеле дресот на клубот најмалку на сто натпревари да добијат сезонски билет и да бидат со клубот на секој домашен натпревар.

Тој беше генерациски лидер и приказ на растот на ракометната игра во Пелистер и Битола. Од магијата на играње ракомет на отворено, до борбата за титулата во најсилната лига во светот – југословенската. Карактеристиките на Абдула Јусуфовски беа кошмар за секоја одбрана и голман. Физички импресивно граден, левичар, интелегентен и тактички приспособлив за различни варијанти на играта. На позицијата десен бек доминираше со децении, од натпреварите на отвореното ракометно игралиште, преку влезот во Првата југословенска лига, до борбата со Металопластика, Загреб, Пролетер, Борац Бања Лука за најголемите височини. Беше капитен и водач на тимот, а помладите добро се сеќаваат на неговиот авторитет и гласот кој најсилно се слуша во соблекувалната.

Со него во тимот првпат една македонска екипа играше европски натпревари – против Атлетико Мадрид, а беше дел и од екипата која премина во македонскиот шампионат со доминантна улога. Цела младост му ја посвети на ракометот и на Пелистер. Потоа со успех настапуваше и во Јафа Промет, каде што остави трага и како тренер и каде игра полуфинален на КПК. Во 1999 година освојува шампионска титула како тренер на Рк Пелистер потоа долги години ракометното искуство го пренесуваше и во соседна Грција.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *