Започна кампањата на Еурофарм Пелистер “средба со легендите” – Цане Крстевски (ФОТО)

“Средба со легендите” – Еурофарм Пелистер ја активираше својата кампања сите ракометари кои го носеле дресот на клубот најмалку на сто натпревари да добијат сезонски билет и да бидат со клубот на секој домашен натпревар.

Битолската ракометна публика посебно осетлива е на изданоците на школата на клубот, домашните „деца“, лидерите во соблекувалната. Такви ракометари, такви личности и лидери имало уште во средината на минатиот век, такви има и денес. Еден од ретките со култен статус и како играч и како тренер е Цане Крстевски.

Во осумдесеттите години на минатиот век беше крило во многу моќен Пелистер кој влезе во југословенската лига, кој првпат заигра во Европа, кој се бореше со Металопластика за шампионската титула. Играше на позиција крило, со значаен придонес во играта во одбрана. Сепак, неговата играчка кариера заврши прерано, како последица на казната по тепачката со Металопластика. Тоа му помогна да се сврти кон тренерскиот повик и да стане успешен предводник на својот Пелистер.

Крстевски е најтрофеен тренер на клубот и во македонскиот машки клупски ракомет. Освои четири титули, некои како тренер низ цела сезона, а некои преземајќи ја екипата среде сезона. Беше омилен меѓу играчите и фановите, харизматичен и авторитетен оствари многу во неполни две децении тренерска кариера. Кратко беше и селектор на националната репрезентација, а како „десна рака“ на Ванчо Јовановски ја одведе Македонија првпат на големо натпреварување – Европското првенство во Италија во 1998 година.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷




Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *