Започнаа работните активности во и околу спортската сала ,,Боро Чурлевски” во Битола, односно приспособување на сите услови за натпревари од ракометната Лига на шампиони за наредната сезона.
Советот на Општина Битола издвои 18.301.800 денари за овај проект, а дополнителна соработка ќе има со неколку приватни фирми и јавни претпријатија, а исто така активна вклученост ќе има и Еурофарм Пелистер.
Првата комисија од ЕХФ која ќе ја посети Битола треба да биде некаде на почетокот на месец јули, а финалната одлука ќе биде донесена најверојатно на почетокот на август, кога се очекува финална комисија од ЕХФ да ја посети спортската сала ,,Боро Чурлевски”.
(фото – Фејсбук/И моето дете ќе навива за Пелистер)📷