Ракометната федерација на Македонија (РФМ) од понеделник 03.03.2025 година ќе ги пушти во продажба билетите за натпреварот меѓу Македонија и Словенија.
Продажбата на влезници за натпреварот започнува во понеделник на 03.03.2025 година во 12:00 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ) а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.
Продажната цена на влезниците за натпреварот е 200 и 300 денари. Натпреварот меѓу Македонија и Словенија ќе се одигра на 12 март со почеток во 20:00 часот во СЦ “Борис Трајковски”, во Скопје.

(фото – РФМ)📷