Затворени салите за Рк Македонија Ѓорче Петров и ЖРК Ѓорче Петров, екипите тренираат на отворено!

Екипите на Рк Македонија Ѓорче Петров и ЖРК Ѓорче Петров подготовките за вториот дел од сезоната 2022/2023 ги одвиваат на отворено, затоа што салите за нив се затворени.

“Ниту една бирократска процедура, ниту една инспекција, ниту следните чекори, ниту…. Нема да го скрши Ѓорчепетровскиот непокор.

Се што нема да го убие само ќе го направи посилен лавот!!!

Ги започнавме подготовките, пак на отворено, а салата нека седи затворена за клубовите од Ѓорче Петров. Не се плашат од ништо ниту сениорите ниту најмалите, просто нема што да не исплаши. Борбата продолжува!!!” – стои во соопштението на Рк Македонија Ѓорче Петров.

“По Р.к. Македонија Ѓорче Петров и девојките од Ѓорче Петров Жрк одржаа тренинг на отворено игралиште како во 60-тите години.

Ниту една измислена бирократска процедура (за нечии интереси), ниту закани преку инспекции, ниту заклучени сали нема да ги спречи ,,лавиците” да го продолжат успешниот ракометен пат. Доста е!!! Време е!! Со ❤️ за Македонија!!!” – стои во соопштението од ЖРК Ѓорче Петров.

(фото – Рк Македонија Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести