За време на натпреварот меѓу Охрид и Дукла Прага во Европскиот Куп ќе биде отворен фан-шоп

Екипата на Охрид ја очекува прв натпревар од осминафинлето од Европскиот Куп против Дукла Прага.

Тимот на Охрид на социјалните мрежи објави дека за време на натпреварот ќе биде отворен фан-шоп, каде ќе може да се набават дресови, маици, шалови, привезоци и други работи за клубот.

“За време на натпреварот од ЕХФ Европскиот Куп со Дукла Прага, претстојниот викенд во холот на салата „Билјанини извори“ ќе биде отворен фан шоп на ГРК Охрид. Тука ќе може да се купат дресови, маици за најмалите, шалови, привезоци, топчиња и други изненадувања. Фан шопот ќе биде отворен во сабота од 16.30 часот”, – објавија од ГРК Охрид.

(фото – ГРК Охрид)📷




Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *