За натпреварот во Нашице помеѓу Нексе и Еурофарм Пелистер судии од Босна и Херцеговина

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за првите натпревари од осминафиналето на Лигата на Европа. А екипата на Еурофарм Пелистер ќе гостува кај екипата на Нексе во првиот натпревар.

ЕХФ за овој натпревар додели судии од Босна и Херцеговина, а тоа се близнаците Амар и Дино Коњичанин, додека делегат на натпреварот ќе биде Томо Водопивец од Словенија.

Натпреварот помеѓу екипите на Нексе и Еурофарм Пелистер се игра на 29 март во Хрватска (Нашице) во 18:45 часот.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести