Екипата на Еурофарм Пелистер најде привремено тренер, додека да биде назначен нов тренер на тимот.
Поранешниот селектор на Македонија, Звонко Шундовски привремено ќе го води тимот на Еурофарм Пелистер, откако Бранислав Ангеловски си даде оставка од функцијата прв тренер на клубот.
“РК Еурофарм Пелистер ја прифати оставката на тренерот Бранислав Ангеловски по натпреварот против Алкалоид. Клубот му се заблагодарува на ангажманот, професионалноста и остварените цели во претходните една и пол година. Му посакуваме среќа и успеси во понатамошните професионални предизвици. Клубот наскоро ќе го именува новиот тренер, а дотогаш екипата ќе ја води Звонко Шундовски”, – објавија од Рк Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷