На седницата на Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија беа зголемени судиските таксии за втората полусезона за лигите на РФМ.

Во машката Супер лига таксата ќе изнесува 7200 денари, во Женската Супер лига таксата ќе биде 3900 денари.

Таксата за Прва лига за мажи ќе изнесува 3600 денари, додека таксите за младинските категории ќе изнесуваат 1500 денари.

Ф4 турнирот за Купот кај мажите ќе биде 10.000 денари, додека кај жените ќе биде 5000 денари.

Супер Купот кај мажите ќе биде исто така 10.000 денари, додека кај младите Ф4 турнирот ќе биде 2500 денари.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *