Здравко Постолов е прво засилување за Тиквеш во зимскиот трансфер рок

Екипата на Тиквеш го донесе првото засилување во зимскиот трансфер рок, кој доаѓа од екипата на Радовиш.

Станува збор за средниот бек Здравко Постолов, каде досега го носеше дресот на Радовиш. Тој потпиша договор за оваа и наредната сезона.

“Младиот и перспективен лев бек Здравко Постолов, кој континуирано се наоѓа на врвот на ТОП стрелци во Супер машката лига, потпиша договор за оваа и наредната сезона, и е најновото засилување на ГРК Тиквеш 2014”, – објавија од клубот на социјалните мрежи.

(фото – Гол.мк)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести