Здравко Постолов: За дуелот со Куманово сме подготвени и мотивирани

Екипата на Радовиш ја очекува натпревар на домашен терен против тимот на Куманово во плеј-аутот од Супер лигата.

Ракометарот и капитенот на Радовиш, Здравко Постолов изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат против Куманово.

“Покана до радовишани да дојдат и да ни дадат поддршка во недела на натпреварот против МРК Куманово. За овој дуел сме подготвени и мотивирани, и се надевам дека ќе го дадеме максимумот за повторен успех и нови бодови кои ни се потребни”, – изјави ракометарот на Радовиш, Здравко Постолов.

(фото – Рк Радовиш)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *