Здружението на ракометни судии на Македонија објави повик за нови ракометни судии

Здружението на ракометни судии на Македонија, преку Стручната комисија, објавува повик за пријавување на нови ракометни судии.

Доколку сакаш да бидеш дел од ракометот и да се развиваш во спортска и професионална насока — пријави се.

Критериуми / Услови за пријавување:
• наполнети 16 години
• да играле ракомет или да имаат основно познавање на играта
• да го сакаат ракометот и да имаат желба да бидат дел од спортот
• добри комуникациски вештини и способност за работа во тим
• одговорност, дисциплина и интегритет (фер-плеј и почитување правила)
• подготвеност за обука/семинари и тестирања
• добра психофизичка подготвеност
• спремност за судење на натпревари според распоред (викенди/термини по номинација)

Пријавување: испрати кратка биографија (CV) на: strucna.komisija@gmail.com. Рок за пријавување: до 15 февруари.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *