Златко Даскалоски: Еурофарм Пелистер 2 има солидно искуство од Супер лигата и сака да се надигрува

Екипата на Голден Арт на свој терен ја пречекува екипата на Еурофарм Пелистер 2 во натпревар од 4. коло од Супер лигата.

За натпреварот со Еурофарм Пелистер 2, своја изјава даде и голманот на Голден Арт, Златко Даскалоски.

“Натпреварот против Скопје 2020 на кој нашиот тим ги освои бодовите е веќе зад нас и треба што побрзо да го заборавиме, затоа што во сабота ни следува уште еден натпревар кој е од исклучително значење, а кој нема да биде нималку лесен. Тимот на Еурофарм Пелистер 2 е екипа со искуство на настапи во супер лигата, а оваа година учествуваше и во европските купови. Екипа која сака да се надигрува и покажа дека е сериозно конкурентна во оваа конкуренција. Го анализираме противникот и ни преостанува добро да се подготвиме, да ги спроведеме советите на стручниот штаб и да го дадеме нашиот максимум, со цел во сабота да извлечеме позитивен резултат”, – изјави Златко Даскалоски.

(фото – Рк Голден Арт)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести