Златко Даскалоски е нов голман на Тинекс Пролет

Златко Даскалоски е најново име во таборот на Тинекс Пролет, откако искусниот голман денеска и официјално го стави потписот на договорот со новиот клуб. 

Според договорот, Даскалоски ќе ги мине следните две сезони во дресот на Тинекс Пролет, а покрај обврските со првата екипа овој искусен чувар на мрежата ќе помага во равојот на голманите во младинската школа.

Даскалоски е поранешен репрезентативец на Македонија, голман со богато искуство како на домашната така и на меѓународната ракометна сцена. Тој доаѓа во Тинекс Пролет од редовите на Голден Арт, претходно настапуваше и за Бутел и за Вардар, додека од меѓународното искуство има настапувано за Ловќен во Црна Гора, француски Стразбур и за Темишвар во шампионатот на Романија.

Тренерот Александар Јовиќ на 5 август ќе го одржи првиот собир со што ќе биде означен и стартот на подготовките за новата сезона. Во меѓувреме се очекува да бидат финиширани преговорите за уште неколку засилувања, со што ќе биде заокружен играчкиот кадар со кој Тинекс Пролет ќе настапува во сезоната 2024/25.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести