Искусното десно крило Златко Хорват и официјално е нов ракометар на унгарскиот тим Дабас. Тој својата кариера ја продолжува во Унгарија.
„Во зимскиот трансфер период во Унгарија тешко е да се најде квалитетно решение за десната крилна позиција, ние го најдовме со ракометар во странство. Задоволство ни е да објавиме дека во Дабас доаѓа светска ѕвезда, која со својата неверојатна рутина може да донесе многу за нашиот тим и да им помогне на помладите ракометари“, рекоа од тимот на Дабас.
Претходно Златко Хорват настапуваше во ППД Загреб и во Металург, а и настапува во репрезентацијата на Хрватска.


(фото – Рк Дабас)📷