Зоран Петковски-Зенга се раздели со Вардар 1961

Зоран Петковски-Зенга после 25 години поминати во Рк Вардар 1961, го напушта клубот и повеќе нема да биде дел од црвено-црното семејство.

Како играч, Зоран Петковски, во два наврати го бранеше голот на Вардар, во периодот од 1990-1993 и од 1999-2007 година. Тренерската кариера ја започна токму во Вардар, каде неколку пати успеваше со младинските екипи на клубот да стане Шампион на Македонија.

Популарниот Зенга исто така беше дел и од стручниот штаб на првиот тим, а успеа со Вардар 2 да го освои првото место во првата ракометна лига и да избори пласман во најсилната Супер Лига.

Во времето кога Веселин Вујовиќ беше шеф на стручниот штаб, Зоран Петковски, беше и тренер на гоманите.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести