Зоран Рогановиќ кој со селекцијата на Црна Гора оствари голем успех на ЕП во Словачка и Унгарија, и понатаму ќе биде селектор на Црна Гора.
Оваа вест ја потврди претседателот на Федерацијата, но треба да одлучи и Управниот Одбор на федерацијата.
“Мислам дека после се што покажа како тренер во овие три години, односно според неговите заложби и пред се, постигнатите резултати, ја заслужи довербата да продолжи со овој тим континуитетот на учество на големите натпреварувања.” – изјави Петар Каписода.
(фото-Ракометна Федерација на Црна Гора)📷