Зоран Стерјев: Посакувам преостанатиот дел од сезоната која е во тек да биде успешен

Еурофарм Пелистер започна со тренинзи под водство на новиот стручен штаб, Александар Јовиќ и Звонко Шундовски.

На тренингот свое обраќање имаше и претседателот на клубот, Зоран Стерјев, каде им се обрати на ракометарите и им посака успех до крајот на сезоната.

“Посакувам преостаниот дел од сезоната која е во тек да биде успешен и да ги достигниме нашите цели со тоа што ќе ја освоиме титулата во првенството и во Купот на Македонија и да стигнеме до СЕХА „фајнал-фор“ турнирот. Сакам да гледам како напредувате кон целта и затоа веќе имаме нов старт со професионален тим на тренери. Тука се Александар Јовиќ, Александар Зарков и Звонко Шундовски. Ви посакувам успех на сите и добро здравје за остатокот на сезоната и се надевам на крајот ќе прославуваме”, – изјави претседателот Зоран Стерјев.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести