Македонската интернационалка Зорица Десподовска го продолжи договорот со полскиот тим Кобержице.
Таа во Кобержице ќе остане до крајот на 2024 година. Десподовска претходно настапуваше за екипата на Пјотрковија.
„Среќна сум што се уште сум дел од тимот. Се чувствувам многу добро во тимот, тоа ми е важно. Кобержице е всушност мојот втор дом и мислам дека тука ќе останам засекогаш”, – изјави Зорица Десподовска.

(фото – ЖРК Кобержице)📷