Екипата на Чаир продолжува со засилувањата за следната сезона, па во своите редови донесе репрезентативка на Македонија.
Станува збор за кружниот напаѓач Ивана Џатевска, која доаѓа од редовите на Вардар. Џатевска игра во два правци, и во напад и во одбрана.
Таа потекнува од школата на Вардар, и за екипата на Чаир ќе биде огромно засилување, затоа што покрај домашното првенство тимот ќе игра и во Европскиот Куп.

(фото – ЖРК Чаир)📷