Ивано Балиќ му се врати на ракометот, ќе работи во родниот град во тимот на Рк Сплит

Легендарниот хрватски ракометар, Ивано Балиќ му се врати на ракометот и има нова функцијата во прволигашот Сплит.

Балиќ ќе има функција на стручен консултант на тренерите во младинските школи на тимот, а ќе има и задача да пронаоѓа нови таленти на хрватскиот ракомет.

(фото – Рк Сплит)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.