Екипата на Алкалоид ја оствари целта и со две победи над Вест Виен од Австрија патува во осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп.
Своја изјава имаше и ракометарот на Алкалоид, Иван Галевски по натпреварот со Вест Виен.
„Ова беше едно огромно искуство за нас, против себе имавме одличен ривал. Во 24 часа да одиграш два меча со било кој противник не е лесно”, – изјави ракометарот на Алкалоид, Иван Галевски.
(фото – Рк Алкалоид)📷