Иван Галевски: Иако имаме плус четири, нема да биде воопшто лесно

Ракометниот клуб Алкалоид е подготвен за историскиот меч. Тимот го чека реваншот со АЕК Атина во рамки на финалната серија на Европскиот Куп на ЕХФ.

Во Скопје, Алкалоид ќе брани четири гола позитива по победата во Грција (29:25) и ќе игра за европскиот трофеј.

„АЕК е една искусна и доста квалитетна екипа, со играчи етаблирани во светскиот ракомет. Иако имаме плус четири, нема да биде воопшто лесно, затоа што знаеме каква екипа доаѓа во Скопје. Имаме предност која ја немавме на гостински терен, тоа е нашата публика“, – изјави ракометарот на Алкалоид, Иван Галевски.

(фото – Рк Алкалоид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *