Иван Карачиќ се збогуваше со репрезентацијата на Босна и Херцеговина

Братот на Игор Карачиќ, Иван Карачиќ кој настапува за репрезентацијата на Босна и Херцеговина реши да ја заврши репрезентативната кариера и да се посвети на клупско ниво. Иван Карачиќ својата одлука ја соопшти на социјалната мрежа Фејсбук.

„Драги пријатели, навивачи на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, време е да се збогуваме. По долго размислување, разговарајќи со семејството и соиграчите, решив да се збогувам со националниот дрес. Одлуката не беше лесна, но секој спортист, порано или подоцна, мора да донесе ваква одлука,”- изјави Иван Карачиќ.

(фото-Фејсбук/Иван Карачиќ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести