ivan markovski

Иван Марковски повеќе не е тренер на Металург!

Иван Марковски од денеска повеќе не е тренер на Металург, а тоа го потврди на социјалните мрежи и претседателката на Металург Зорица Блажевска.

Иван Марковски побара и доби раскин на договорот со Металург, се разбира поради финансиски проблеми во клубот. Марковски пристигна во Металург во месец март минатата година, и го водеше тимот до финишот од ланската и првиот дел од оваа сезона.

Благодарам и се најдобро… Во ситуација како оваа, неблагодарно е да се анализираат резултати и бараат виновници. Мене до скоро ми беше одличен соработник. Најтешко е во животот да добиеш шанса, прилика да се истакнеш… се надевам дека Иван ќе знае да го цени тоа во понатамошната кариера без да го оцрнува Клубот како некои претходници. До некои подобри времиња, најсилните остануваат да се борат со бурата- вели претседателката Зорица Блажевска на социјалните мрежи.

Раководството на Металург е во потрага на нов тренер, што ќе го предводи во текот на сезоната.

(фото-Рк Металург)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *