Иван Мацкевич потпиша за екипата на АЕК

Екипата на АЕК Атина од Грција потпиша договор со 30 годишниот голман Иван Мацкевич кој доаѓа од екипата на Мешков Брест.

Иван Мацкевич со екипата на АЕК потпиша договор на две години. Мацкевич настапуваше во Мешков Брест, СКА Минск, Стеауа Букурешт, а настапува и за репрезентацијата на Белорусија.

„Многу сум среќен што доаѓам во АЕК. Тоа е голем тим, АЕК е шампион и куп победник на Грција. Тимот покажа одлични резултати низ цела Европа и јас сум многу среќен што ќе играм за овој голем тим,“ – изјави Иван Мацкевич.

(фото – Рк АЕК)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести