Иван Слишковиќ е нов ракометар на Олимпијакос

Екипата на Олимпијакос од Грција, во новата сезона ќе влезе со високи амбиции, откако во своите редови донесе нов ракометар.

Станува збор за Хрватот, Иван Слишковиќ, кој настапува на позицијата лев бек. Тој има настапувано за екипите на Штутгарт, Гепинген, Нексе и Порто.

„Многу сум возбуден што доаѓам во голем клуб како Олимпијакос. Зборував со луѓето од клубот и видов дека имаат амбиции за големи работи. Се надевам дека можам да помогнам во тоа, па со нетрпение го чекам почетокот на сезоната. Знам и колку добри навивачи има тука, па возбуден сум што ќе ги играм натпреварите пред оваа публика, со толку силна поддршка“, – изјави Иван Слишковиќ.

(фото – Рк Олимпијакос)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести