Иван Тасески: Бутел е доста незгоден противник

Екипата на Охрид ја очекува натпревар на гостински терен против Бутел Скопје во 10. коло од Супер лигата.

За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Иван Тасески, каде изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат.

“Згуснатиот распоред во месец ноември го започнуваме со гостување кај Бутел, кој е доста незгоден противник, особено на домашен терен. Одиме максимално фокусирани и со добра одбрана верувам дека ќе извојуваме победа”, – изјави ракометарот на Охрид, Иван Тасески.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *