„Гладијаторите“ претстојниот викенд се пред нов голем предизвик. Во Охрид гостува силниот Вардар.
Домаќинот е максимално мотивиран и најавува голема борба за бодовите. За овој натпревар своја изјава имаше ракометарот на Охрид, Иван Тасески.
“Во недела ни гостува двократниот европски првак Вардар, кој годинава повторно е во борба за шампионската титула во Македонија. Ние ќе излеземе максимално мотивирани да се покажеме во добро светло и доколку ни се укаже шанса за победа, ќе пробаме да ја искористиме. Ги повикувам “Рибари” и љубителите на ракометот, да дојдат во што поголем број да ни дадат поддршка и да уживаат во ракометниот спектакал”, – изјави Иван Тасески од ГРК Охрид.
(фото – ГРК Охрид)📷