Екипата на Охрид ја очекува дерби натпревар против Еурофарм Пелистер на домашен терен во рамки од 18. коло од Супер лигата.
Ракометарот на Охрид, Иван Тасески изјави дека неговиот тим ќе се бори да издвојува што подобар резултат против Еурофарм Пелистер.
“Во недела го играме првиот официјален меч на домашен терен во оваа полусезона, ни доаѓа шампионот на Македонија. Ние ќе го дадеме максимумот за да издвојуваме што подобар резултат. Ги повикувам охриѓани и навивачката група “Рибари” да дојдат во недела во што поголем број да ни дадат поддршка и да уживаат во ракометниот натпревар”, – изјави ракометарот на Охрид, Иван Тасески.

(фото – ГРК Охрид)📷