ГРК Охрид е пред нов плеј-оф предизвик. Во петок во Охрид гостува екипата на Алкалоид, која е предводена од тренерот Кире Лазаров.
„Гладијаторите“ најавуваат голема борба во текот на целиот меч. За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Иван Тасески.
“Во петок ни доаѓа екипата на Алкалоид составена од млади и неколку искусни играчи, предводена од македонскиот селектор Кире Лазаров, која е желна за докажување. Тоа за нас е мотив плус. Најавуваме борба во текот на сите 60 минути за да извојуваме победа пред охридската публика. Ги повикувам љубителите на ракометот и навивачката група Рибари да дојдат во што поголем број и да уживаат во натпреварот”, – изјави Иван Тасески.

(фото – ГРК Охрид)📷