Екипата на Охрид ја очекува дерби натпревар на домашен терен против екипата на Вардар во натпревар од 8. коло од плеј-офот од Супер лигата.
Ракометарот на Охрид, Иван Тасески изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против Вардар.
“Следниот натпревар го играме со двократниот европски шампион, иако имаме доста повредени играчи покажавме дека можеме со сите да се надигруваме. Во недела ќе го дадеме сите својот максимум за да изиграме еден добар натпревар и ги повикувам љубителите на ракометот и навивачката група Рибари да дојдат во што поголем број и да ни дадат поддршка”, – изјави ракометарот на Охрид, Иван Тасески.

(фото – ГРК Охрид)📷