Вардар ги почнува натпреварите на европската сцена. Во вторник, во 18:45 часот, „црвено-црните“ го отвораат настапот во Европската лига на ЕХФ, и тоа на домашен терен против хрватскиот Сесвете.
На официјалната прес-конференција, тренерот Иван Чупиќ порача дека Вардар оди чекор по чекор, но со големи амбиции и јасна цел, да стигне што подалеку во Европа.
„Вардар секогаш има победнички аспирации, без разлика каде игра. Ова е клуб со голема историја и знаеме дека мора да испорачаме резултат. Сесвете е млад и борбен тим, но ние играме дома, пред нашата публика, и тоа мора да биде предност. За нас е најважно да започнеме со победа, да собираме бодови и да одиме нагоре“, – истакна Иван Чупиќ.
(фото – Рк Вардар 1961)📷








