Ива Димитриевска потпиша за Звезда Логатец од Словенија!

Ракометарката на Куманово, Ива Димитриевска во продолжението од сезоната ќе има нов клуб во кариерата.

Димитриевска, која настапува на позицијата десно крило потпиша за екипата на Звезда Логатец од Словенија. За младата ракометарка ова ќе биде прво интернационално искуство.

Тимот на Звезда Логатец се натпреварува во најквалитетната лига во Словенија и се наоѓа на 4. позиција на табелата.

(фото – ЖРК Звезда Логатец)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.