Македонската репрезентативка Ива Младеновска, од следната сезона ќе го има првиот интернационален предизвик, откако потпиша за Брест Бретањ од Франција.
Ива Младеновска со екипата на Брест Бретањ потпиша договор на четири сезони до 2027 година. Младеновска има 16 години и настапува за екипата на Металург, а има настапувано и за школата на Алушовски.
(фото – ЖРК Брест Бретањ)📷