Ивица Илиев го продолжи договорот со Голден Арт, Пеце Рајатоски нов ракометар

Тимот на Голден Арт го продолжи договорот со Ивица Илиев и се засили со повратникот во екипата Пеце Рајатоски.

Договорите на двајцата ракометари се на уште една година. Искусниот велешанец, кој минатата година дојде во Голден Арт со референца на голем стрелец, комплетно ја оправда довербата на раководството на Голден Арт и до јуни 2023 година ќе биде на располагање на тренерот Никола Матлиески.

Рајатоски мината година ја стартуваше во Голден Арт, од каде пред завршување на есенската полусезона направи трансфер во Германија од каде повторно се враќа во тимот.

Со официјализирање на трансферот на Илиев и Рајатоски, тимот на Голден Арт го затвори играчкиот состав и во следниот период, пред стартот на првенството, ќе се подготвува на физички и техничко тактички план, а до самиот старт на првенството предвидени се неколку подготвителни натпревари.

(фото – Рк Голден Арт)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести