Екс селектор на Македонија, покрај клупски ангажман ќе има и репрезентативен предизвик.
Станува збор за Ивица Обрван, кој е тренер на Подравка, а во иднина ќе ја предводи женската сениорска репрезентација на Хрватска.
„Би сакал да му се заблагодарам на Хрватскиот ракометен сојуз за назначувањето. Огромна чест ми е што станав селектор на женската репрезентација. Тоа е големо признание, но и голема одговорност. Секако, би сакал да се заблагодарам и на клубот Подравка, кој се согласи и ја прифати мојата двојна улога. И за нив, верувам, тоа е голема чест. И самите знаете дека поради напорниот натпреварувачки календар немаме многу време да се запознаеме и да го подготвиме тимот за Светското првенство, но можам да кажам дека имаме среќа бидејќи тимот е долго време заедно. е добро организиран, има свој цврст рбет и игра. Само се надевам дека сите ќе бидат здрави и достапни кога ќе се собереме наскоро. Светското првенство е голем предизвик за сите нас“, – изјави Ивица Обрван за клупскиот сајт на Ракометната Федерација на Хрватска.
(фото – Ракометна Федерација на Хрватска)📷