Холандскиот репрезентативец Иво Стеинс кој има 29 години, и е брат на Лук Стеинс се повлекува од репрезентацијата на Холандија.
На EП 2022 Иво Стеинс на седум натпревари постигна два гола, за разлика од неговиот брат кој е еден од најважните ракометари на оваа селекција, за Иво Стеинс ЕП 2022 година беше последниот настап во дресот на Холандија.
Вкупно во репрезентацијата зад себе Стеинс има 83 натпревари и 95 голови.

(фото-Инстаграм/Иво Стеинс)📷