Екипата на Тиквеш, во натпревар од 5. коло од Супер лигата ќе игра против екипата на Алкалоид.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот, односно голманот на Тиквеш, Игор Арсиќ.
,,Ни претстои сериозна екипа која во претходниот месец ги победи двата главни тимови кои се во трката за шампионатот. Од друга страна, ние во моментов не сме на она ниво на кое што сакаме и треба да бидеме. Овој натпревар треба да го изиграме максимално сериозно, одговорно и мотивирано од првата до шеесетата минута затоа што тоа е она што Тиквеш, неговите навивачи и општина Кавадарци го заслужува’’, – изјави ракометарот на Тиквеш, Игор Арсиќ.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷