Поранешниот ракометар и репрезентативец на Хрватска, Игор Вори ја прекина пензијата на 41 година и се враќа на теренот.
Игор Вори потпиша договор со екипата на Фуксе Берлин до крајот на сезоната. Игор Вори претходно има настапувано за ППД Загреб, ПСЖ, Барселона, Хамбург, а настапуваше и за репрезентацијата на Хрватска.
„Размислувавме како да го надоместиме отсуството на Јохан Кох. Од затворањето на преодниот рок во февруари, дозволени се само играчи кои претходно не биле под договор или не играле. Изборот секако е ограничен. Зборував со некои пивоти по телефон и Игор Вори беше тој кој веднаш рече дека ќе го направи тоа и дека има доверба да ни помогне до крајот на сезоната,” – изјави спортскиот директор на Фуксе Берлин, Стефан Кречмар.
(фото-Рк Фуксе Берлин)📷