Игор Илиевски ја презеде одговорната улога на шеф на стручниот штаб најмалку до крајот на оваа календарска година, а малку недостигаше овој стратег да има победничко деби откако Тинекс Пролет во контроверзен финиш остана без триумф на гостувањето во Куманово.
За овој натпревар своја изјава имаше и тренерот Игор Илиевски, каде изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против Бутел Скопје.
„Бутел е тим што го почитувам, станува збор за екипа што е во речиси ист состав неколку сезони, со ист тренер кој има јасна визија за играта. Нашите дуели секогаш се интересни и квалитетни, очекувам така да биде и в сабота. Ние немаме што да загубиме, ќе одиме на победа на двете средби до крајот на сезонава, oчекувам добар меч на двете екипи, па нека победи подобриот. Се надевам дека тоа на крајот ќе бидеме ние, бидејќи како што рекови момците покажаа дека имаат знаење и желба за да играат квалитетен ракомет“, – изјави тренерот на Тинекс Пролет, Игор Илиевски.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷








