Игор Николовски и Кире Поповски го најавија Ф4 турнирот во Битола

Битолските и македонски ракометни легенди Игор Николовски и Кире Поповски, и сегашни тренери на најмладите ракометарчиња од вториот тим на Еурофарм Пелистер што утре играат на пионерското Ф4 натпреварување за шампион на Македонија го најавија Ф4 турнирот.

“Натпреварите на Ф4 се едни од највозбудливите спортски настани што со нетрпение го очекуваме и ние и играчите на РК Еурофарм Пелистер 2. Се надевам на фер и динамична игра, исполнета со страст, пожртвуваност и спортски дух. Очекувам играчите да го дадат својот максимум и да покажат зошто токму тие се полуфиналисти, а се надеваме и финалисти. Навивачката атмосфера, емоциите и неизвесноста ќе бидат дел од она што ги прават овие натпревари посебни. Се надеваме дека нашиот тим ќе го покаже својот квалитет и ќе ја однесе победата, но пред сè, посакуваме сите натпревари да поминат без повреди и со меѓусебна почит меѓу тимовите. Без разлика на резултатот, најважно е спортот да победи”, – изјави Игор Николовски.

Ф4 турнирот ќе се одигра во Битола во спортската сала “Боро Чурлевски”, а ќе играат екипите на Еурофарм Пелистер 2, Алкалоид, Охрид и Вардар.

“По прилично подолг период имаме Ф4 во Битола. Натпреварите ке бидат возбудливи и израмнете, се надеваме на наша добра игра и дека ке стигнеме до добри резултати. Играчите се подготвени и со нетрпение ги очеуваат полуфиналето, се надеваме на добра игра и поддршка од трибините за пласман во финалето”, – изјави Кире Поповски.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷



Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *