Игор Ѓоргиев: Како капитен тврдам дека екипата е спремна за предизвикот

Во рамки на 2. коло од Европскиот Куп на ЕХФ, во првиот меч на домашен терен Алкалоид ќе се соочи со литвански Драгунас Клаипеда. Ривалот пред медиумите го најави капитенот Игор Ѓоргиев.

Натпреварот меѓу Алкалоид и Драгунас Клаипеда се игра во сабота (19 октомври) со почеток од 19:00 часот во салата „Автокоманда“.

„По одличниот старт на сезоната каде имаме седум победи, ни следува натпревар во Европа. Првиот меч со Драгунас Клаипеда ни е дома, играме пред нашата публика, а кога играме дома секогаш сакаме да сме најдобри. Како капитен тврдам дека екипата е спремна за предизвикот. Ја повикувам јавноста да ни даде поддршка и се надевам на победа”, – изјави капитенот на Алкалоид, Игор Ѓоргиев.

(фото – Рк Алкалоид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *