Игор Ѓорѓиев и во новата сезона ќе биде капитен на Алкалоид

Екипата на Алкалоид ги започна подготовките за новата сезона 2025/2026 за Супер лигата и настапот во Лигата на Европа.

Игор Ѓорѓиев и во новата сезона ќе биде капитен на екипата на Алкалоид. На стартот на подготовките, средниот бек ги изнесе своите очекувања за натпреварите кои следат и најави максимална борба и ангажираност на секој дуел кој следи.

„Како тим, имаме цели кои се јасни – нашиот менталитет во РК Алкалоид е секогаш да одиме на победа, без разлика кој стои на спротивната страна. Сезоната која ни следи ќе биде доста интересна, но за неа ќе мора да се подготвиме добро на физички, психички и тактички план. Ги имаме сите услови за такво нешто“, – изјави Игор Ѓорѓиев.

(фото – Рк Алкалоид)📷


Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *